Честитка за Рамазан Бајрам

0
1475

-Денеска е Рамазан Бајрам еден од најголемите муслимански празници. Денеска муслиманите во цел свет слават со една и единствена цел, што успешно ја извршија обрската од страна на сторителот на сите светови, постењето на месец Рамазан, преку кој се прочистуваме душевно и физички но и се издигнуваме душевно. Исто така овај голем празник за муслиманите се поврзува и со тоа дека во последните 10 дена од овај месец Рамазан, односно последните 10 непарни денови, се наоѓа и највредната ноќ во текот на цела година, а тоа е ноќта кога е објавена божјата книга Куранот. Денеска секаде се полни џамиите, полни се дворовите на џамиите, но полни се и многу плоштади во цел свет со една и единствена цел само да се слави името на возвишениот Алах.

Почитувани верници, во мое име и во името на битолското Муфтиство ви го честитам Рамазан Бајрам , со една единствена цел за што повеќе здравје, љубов, благосостојба , бериќет и меѓусебно разбирање. Ви посакувам добри празнични денови и нека ни е честит Рамазан Бајрам, изјави Амид Расимовски, муфтија.