Четири арапски држави ги прекинаа односите со Катар

0
624

Четири арапски држави ги прекинале изутрината дипломатските односи со Катар поради нивната поддршка на исламистичките групи и односите со Иран.

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон изјави дека очекува оти тоа нема да влијае на единството во борбата против исламските екстремисти.

Бахраин, Египет, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати соопштија дека ги повлечат своите дипломати од Катар, како и оти ќе ги протераат катарските дипломати од своја територија.

Арапските земји најавија и дека ќе го прекинат воздухопловниот и поморскиот сообраќај, а Саудиска Арабија ќе ги затвори и копнените граници со Катар, со што таа земја ќе биде отсечена од остатокот на Арапскиот полуостров.

Саудиска Арабија исто така, најави дека катарските војници ќе бидат повлечени од војната во Јемен.