Четири лица прободени со нож во Масачусетс, убиецот застрелан

0
352

Маж беше застрелан од полицијата, откако прободе со нож четири лица во американската сојузна држава Масачусетс. Двајца од прободените починале, а убиецот исто така, соопшти полицијата.

Инцидентот се случил во градот Тонтон, на околу 65 километри јужно од Бостон, соопшти полицијата на Масачусетс и додаде дека две лица биле ранети во трговски центар, а уште две во куќа во градот.

Пред да ги нападне луѓето во трговскиот центар напаѓачот удрил со возилото во излогот на една од продавниците. Другите две лица се прободени во куќа на улицата „Мајрик“, додаде полицијата.

Мотивите за нападот се уште не се познати.

Без коментари

LEAVE A REPLY