Четири студиски програми за 260 бруцоши на Биотехнички факултет

0
795

Четири студиски програми за идните бруцоши на Биотехничкиот Факултет од Битола. Идните бруцоши ќе можат да аплицираат за студиската програма преработка на анимални производи, квалитет и безбедност на храна , Фармерско производство и Агроменаџмент. За оваа уписна академска година Биттехничкиот факултет ќе ги отвори вратите за 260 бруцоши. Од нив 170 ќе влезат во државна квота, 50 во квотата за кофинансирање и 40 места се планирани да влезат како вонредни студенти. Ова го изјави проф.д-р Љупчо Кочоски декан на Биотехнички факултет. Разговараме и за тоа каде ќе можат студентите да обавуваат практична настава, со кои компании факултетот има пиотпишано договор и каде после дипломирањето студентите ќе можат да се вработат.