Четири земјотреси го погодија Пехчево

0
732

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Охрид, Валандово, Штип, и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес на 19.10.2017 год. регистрира серија земјотреси чии епицентри се наоѓаат на 115km југоисточно од Скопје, и потекнуваат од епицентралното подрачје Пехчево-Кресна. Оваа серија земјотреси најсилно се почувствува во Пехчево, Берово и околината. Времето, магнитудата и осетеноста се следните:

  • во 10 часот и 0 минути, со Рихтерова магнитуда од 3,0 и интензитет во епицентарот од IV степени според Европската Макросеизмичка Скала

  • во 10 часот и 17 минути, Рихтерова магнитуда од 2,3 и интензитет во епицентарот од III степени споредистата скала,

  • во 10 часот и 19 минути, Рихтерова магнитуда од 2,6 и интензитет во епицентарот од III степени,

  • во 10 часот и 27 минути. Рихтерова магнитуда од 3,1 и интензитет во епицентарот од IV степени,

  • во 10 часот и 54 минути. Рихтерова магнитуда од 2.0 и интензитет во епицентарот од III степени според Европската Макросеизмичка Скала.