Четири земјотреси за еден час во Југозападна Македонија

0
4117

– Првиот (18:33 часот): во областа на општина Дебарца, во близина на селото Брежани, со магнитуда од 4,7 степени според Рихтеровата скала го погоди регионот на длабочина од 22,3 километри,

– Вториот (18:41 часот): помеѓу селата Големо Илино, Мало Илино, Велмевци и Железнец (демирхисарско), оддалечен 8 километри од првиот, беше посилен од првиот и го погоди регионот со магнитуда од 4,9 степени според Рихтеровата скала и беше почувствуван поинтензивно, поради тоа што длабочината беше помала, односно на 5 километри под земјата.

– Третиот (19:16 часот): помеѓу селата Загориче, Утово, Лесково и Смилево, над Стрежевското езеро (демирхисарско), оддалечен 3 километри од вториот, го погоди регионот со магнитуда од 4.1 степен според Рихтеровата скала, кој беше исто така на длабочина од 5 километри, како и вториот.

– Четвртиот (19:37 часот) во близина на село Јанковец (ресенско), го погоди регионот со магнитуда од 3,2 степена според Рихтеровата скала, на длабочина од 5 километри, исто како и претходните два.

Сеизмолошка активност во Западна Македонија беше забележана и во претходните денови:

Доцна синоќа, по полноќ, во истиот регион, помеѓу териториите на Демир Хисар и Другово, во близина на селата Железнец и Брезово е почувствуван послаб земјотрес од 2,1 степен според Рихтеровата скала, на длабочина од 4 километри, во 04:32 часот (21 мај).

Два дена претходно, на 19-ти мај, земјотрес со јачина од 3.1 степен според Рихтеровата скала, го погоди регионот помеѓу тетовските села Милетино и Блаце, во 02:33 минути, по полноќ (четврток – 19 мај), а по кој, на 2 километра оддалеченост беше почувствуван уште еден, доста послаб од првиот. Длабочината на овој земјотрес била 10 километри.

Податоците се од Европско-Медитеранскиот Сеизмолошки Центар.