Четири жртви од кои три деца

0
576

Tри деца, и едно возрасно лице е билансот од во ужасните поплави кои ја зафатија околината на градот Тетово во текот на вчерашниот ден.

tetovo

Поради свлечиштата неколку села се целосно отсечени и пристапот до нив е невозможен. Во поплавите, кои беа предизвикани од поројните дождови, загинаа три деца на возраст помеѓу 10 и 13 години од селото Шипковица.

Пронајдено е и телото на еден маж на околу 80 години. Од локалната болница соопштија дека 9 лица се сместени на лекување со повреди.

timthumb (34)

Подоцна ноќта во градот пристигна и премиерот Никола Груевски, придружуван од министерот за одбрана Зоран Јолевски, министерот на МВР Митко Чавков и вицепремиерот Владимир Пешевски.

Груевски потврди дека во катастрофата има загинати и ја опиша ситуацијата како многу тешка. И ова утро останува блокиран патот од Тетово до Мала Речица.