Четири жртви во нова мафијашка пресметка во јужна Италија

0
461

Еден криминален шеф, неговиот зет и двајца случајни минувачи се убиени во нова мафијашка пресметка во градот Сан Марко, на југот на Италија. Со тоа во ова гратче бројот на убиени во криминални судири од почетокот на годината се зголеми на 17 луѓе.

Непознатите напаѓачи пукале врз автомобилот на локалниот мафијашки бос, Марио Лучано Ромитo, од „калашникови“ и „сачмарки“, а двете случајни жртви настрадале додека поминувале со своето возило во близина.

Италијанската полиција започна истрага за случајот.

http://makfax.com.mk