Четиринаесет години Охридски рамковен договор

0
260

Денеска се одбележана 14 – годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, со кој беше ставен  со кој се стави крај на конфликтот во 2001 година и се постави рамка за меѓуетнички соживот и евроатлантска перспектива на државата.

Преговорите, кои започнаа во Скопје, а потоа продолжија во Охрид, завршија со парафирање на документот во Охрид, кој три дена подоцна беше потпишан во Скопје.
На 13 август 2001 година во претседателската резиденција на Водно во Скопје Рамковниот договор го потпишаа тогашниот претседател на Република Македонија Борис Трајковски, поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Љубчо Георгиевски, претседателот на ПДП Имер Имери и тогашните претседатели на СДСМ Бранко Црвенковски и на ДПА Арбен Џафери.
Потписници на договорот, во својство на гаранти, беа и специјалните претставници на ЕУ и САД, Франсоа Леотар и Џејмс Пердју, кои учествуваа во преговорите.

Преговорите за Охридскиот рамковен договор почнаа во Скопје, а потоа продолжија во Вилата „Билјана“ во Охрид во јули и во август 2001 година. Покрај потписниците во разговорите учествуваа и Хавиер Солана, тогашен висок претставник на ЕУ за безбедносна и надворешна политика и Питер Фејт, претставник на САД, како и повеќе правни експерти, меѓу кои професорите Владо Поповски и Љубомир Фрчкоски.

Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор рганизира конференцијата на тема „Европскиот модел на помирување – Охридскиот договор“

„Во оваа годишнина на Охридскиот рамковен договор, овој документ не ориентира повеќе од секогаш во насока на перспектива на нашето општество кон Еуро-Атлантската интеграција. Во ова време, ОРД треба да остане наша визија за една заедничка иднина на сите, без разлика на етничка, религиозна припадност или социјална група“, велат од Секретријатот..крај/мф/бб