Четворица битолчани краделе низ Преспа

0
1576

НК КР – Ресен поднесе кривична пријава против 16 годишно лице, С.М.(20), А.Џ.(41), С.М.(19) и С.М.(33) сите од Битола, поради постоење осноци на сомнение дека прво и второ пријавените сториле кривично дело „разбојништво“ додека сите пријавени дека сториле кривично дело „разбојничка кражба“. Имено на 20.01.2016 година околу 15:00 часот, прво, второ, трето и четврто пријавените, откако со употреба на сила, насилно влегле во објект сопственост на ДООЕЛ „Бомак Интернационал“ Скопје-поранешно Детско одморалиште „Мите Богоевски“, лоцирана во т.н.Претор, а додека, петто пријавената чувала стража надвор од објектот. Притоа во обид да извршат тешка кражба биле затечени од страна на И.П. при што во моментот кога тој се обидувал да ја спречи кражбата, бил нападнат од страна на пријавените, така што откако истите го нападнале физички и му нанесле телесни повреди, прво и второ пријавените му ги одземале двата мобилни телефони и еден ваучер, а потоа го напуштиле местото на настанот.