Четворица битолчани во списокот на Друловиќ

0
274

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Љубинко Друловиќ, повика 22 играчи за двете последни квалификациски средби кои Македонија ќе ги одигра против Украина и Белорусија. Македонската репрезентација, која во Ц групата, се наоѓа на последното место со три бода, на 9 октомври ќе ја пречека Украина, а три дена потоа ќе гостува Белорусија. На списокот кој Друловиќ го објави во петокот има само едно ново име, тоа е голманот на шведски Норчепинг Давид Митов Нилсон. Исто така по подолго време во националниот тим се враќаат Иван Тричковски од Легија Варшава и фубалерот на Шкендија, Арменд Алими.

Голмани:
Томе Пачовски (Вардар), Столе Димитриовски (Гранада, Шпанија), Давид Митов Нилсон (Норчепинг, Шведска)

Одбрана:
Даниел Мојсов (Адана Демирспор, Турција), Ванче Шиков (Австрија Виена, Австрија), Кире Ристевски (Работнички), Владица Брдаревски (Вардар), Леонард Жута (Ријека, Хрватска), Стефан Ристовски (Ријека, Хрватска), Мите Цикарски (Работнички)

Среден ред:
Аријан Адеми (Динамо Загреб., Хрватска), Милован Петровиќ (Работнички), Никола Глигоров (Вардар), Арменд Алими (Шкендија), Ферхан Хасани (Шкендија), Стефан Ашковски (Нови Пазар, Србија), Бесарт Абдурахими (Локерен, Белгија), Александар Трајковски (Палермо, Италија), Агим Ибраими (Марибор, Словенија)

Напад:
Мирко Ивановски (Видеотон, Унгарија), Баже Илијоски (Работнички), Иван Тричковски (Легија, Полска).

Без коментари

LEAVE A REPLY