Четворица повредени во сообраќајката на ресенското Рено

0
1347

На 28.08.2017 година во 16,00 часот на Автопатот Велес-Скопје, на мостот кај с.Дурутовец се случила сообраќајна незгода во која Е.З.(31) од Ресен, управувајќи патничко моторно возило„Рено-Флуенсе“ со ресенски регистерски таблици изгубил контрола над истото, излетал надвор од коловозот и возилото се превртело на кровот. По незгодата, возачот и тројцата сопатници со возило на Итната медицинска помош биле пренесени во Општата Болница во Велес- каде од страна на лекар кај возачот Е.З. и сопатникот А.А. (46), биле констатирани тешки телесни повреди, додека кај сопатниците Ф.Г. (52) и Е.И. (38) биле констатирани телесни повреди и истите биле задржани за понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Велес. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Без коментари