Четворица ранети во пукотница во Малме

0
522

Четворица се ранети, од кои еден е во критична состојба кога во недела попладне двајца на скутери пукале во автомобил во кој имало четворица мажи, во јужниот шведски град Малме.

Според полицијата, пукањето се случило околу 19 часот, во неделата во јужната населба Фоси во Малем, кога дваца на скутери со прекриени глави пукале кон автомобил во движење.

Дел од куршумите завршиле во околните станови.

Тешко ранетиот е пренесен во болница со амбулантно возило, а останатите тројца успеале сами да се превезат со автомобили на локалните жители.

Напаѓачите избегале на скутерите, а се бараат за обид за убиство.

Тешко ранетиот е погоден во главата и сé уште во понеделникот наутро се наоѓа во критична состојба.

Шведска е главно мирољубива безбедна земја со низок степен на криминал, сепак. полицијата има потешкотии со насилството што се јавува во посиромашните населби во Стокхол, Гетеборг и Малме.

Во последните години имаше напади со гранати, пукања и инциденти со палење авотомобили.

На крајот на август осумгодишно дете беше убиено кога граната беше фрлена во станот додека тоа спиело./крај/мф/бб

Без коментари

LEAVE A REPLY