Четворица се кандидатите за нов државен секретар на САД

0
280

Меѓу нив е поранешниот градоначалник на Њујорк Рудолф Џулијани

До четири лица е списокот на кандидатите за државен секретар на САД  и новоизбраниот претседател Доналд Трамп. Тоа го соопштија извори од опкружувањето на победникот на изборите ва 8 ноември, цитирани од БНР.

Засега се познати имињата само на двајца  од варијантите за функцијата прв дипломат.

Тоа се поранешниот градоначалник на Њујорк Рудолф Џулијани и поранешниот гувернер на Масачусетс и претседателски кандидат од Републиканската партија во 2012 година Мит Ромни.

Вчера од екипата на Доналд Трамп ги  потврдија номинациите за тројца идни министри – за финансии, за труд и трговијата.

Децата на Трамп ќе добијат поголема контрола врз бизнис империјата на сега претсдедателот на САД Трамп, за да  тој не влезе во конфликт на интереси, рече  неговата советничка Кели Конвеј.

Home Page

Без коментари

LEAVE A REPLY