Четворица Сиријци осомничени за смртта на малиот Ајлан

0
344

Турската полиција вчера уапси четворица шверцери со луѓе под сомнение дека се виновни за трaгедијата на бродот во кој загинаа 12 бегалци помеѓу кои и малиот Ајлан.

Четворицата уапсени се со сиријско државјанство имаат помеѓу 30 и 41 година. Тие го организирале заминувањето на бродот со бегалци за Грција и се обвинети од судот во Бодрум за убиство и шверц на луѓе, пишува весникот Хуријет.

Дванаестмината сиријски бегалци загинаа во ноќта помеѓу вторникот и средата во водите кај Бодрум кога се обидуваа да стааат на островот Кос во Грција. Помеѓу нив беше и малиот Ајлан, 3 години, чие што мртво тела на плажата го возбуди целиот свет.