Четворица уапсени во Скопје и Тетово, биле членови на ИСИС

0
559

Полицијата утрвово спроведе акција во која се уапсени четири лица поранешни припадници на ИСИС, а по три лица се трага. На осомничените им е одредена мерка притвор. Тројца од уапсените се од Скопје, а едно лице е од Тетово, сите поранешни припадници на ИСИС.

Според Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесена е наредба за спроведување на истрага за седум лица – припадници на ИСИС по кривичното дело – Терористичка организација.

Обвинителството до Основниот суд Скопје 1 – Скопје доставило предлог за определување на мерка притвор за осомничените.