Четворица загинаа во експлозија во југоисточна Турција

0
377

Четири лица осомничени за правење на експлозивна направа, загинаа, а 17 лица беа повредени во експлозија синоќа во село во главно курдскиот југоисточен дел на Турција, соопштија извори од турските безбедносни сили и турското Министерство за внатрешни работи, пренесе Ројтерс.

Експлозијата избувнал околу 22:30 часот по локално време во округот Сарикамиш, на околу 25 километри од најголемиот град во областа, Дијарбакир, додека борци на Курдската работничка партија (ПКК) внесувале експлозиви во мал камион, соопшти турското Министерство за внатрешни работи.

Слика направена од полициски хеликоптер и обезбедени од Министерството на новинарите, покажува огромен кратер во поле, предизвикан од експлозијата.