Четворица загинати и 11 повредени во експлозија во зграда во Кина

0
189

Најмалку четири лица загинале и уште единаесет се повредени во експлозија во станбена зграда во покраината Лјаонин, во североисточна Кина, пренесе во петокот навечер агенцијата Синхуа.

Од експлозијата што се случила во градот Хулудао, еден дел од зградата бул сосема урнат. Меѓу жртвите е и еден случаен минувал, кој бил во близина на зградата кога одекнала експлозијата.

Спасителите успеале да ги извлечат сите повредени од под урнатините на зградата, и тие биле однесени во болница. Според првичните сознанија, причина за експлозијата најверојатно е истекување на гас за домаќинствата.