Четворица загинати и 14 ранети во престрелка во САД

0
393

Полицијата во округот Харви во американската држава Канзас соопшти дека четири луѓе вклучително и вооружен маж, загинале во престрелка.

Сите загинати се во Ексел индастриз, фабрика во градот Хестон, во државата Канзас.

Полицијата го застрелала осомничениот кој бил вработен во фабриката откако тој почнал да пука во нив. Во нападите, извршени на четири различни места во фабриката, биле ранети 14 луѓе.