Четворица загинати во два напади на палестински милитанти во Ерусалим

0
231

Четвроца загинати и тројца ранети е билансот на два напади што ги извршија вооружени Палестинци врз израелски цивили во Ерусалим во текот на минатата ноќ.

Палестинец, за кој израелските власти тврдат дека е припадник на радикалното движење Исламски џихад, доцна синоќа во стариот дел на Еруслим уби двајца Израелци и рани жена и двегодишно дете.
Како што соопшти началникот на ерусалимската полиција, Моше Едри, Палестинецот прво со нож нападнал брачна двојка и нивното дете, при што го убил мажот, а ги ранил жената и детето. Потоа тој нападнал и убил уште еден маж од кого одезел пиштол и со него почнал да пука кон група туристи.
Полицајци кои се наоѓале во близина на нападот отвориле оган кон 19-годишниот напаѓач, убивајќи го на лице место.
Неколку часа подоцна, друг Палестинец вооружен со нож нападна израелски цивил во западниот дел на Ерусалим, нанесувајќи му сериозни повреди. И во овој случај напаќаот бил ликвидиран од полицајци, кои стрелале кон него.
Веднаш по инцидентите се огласи палестинското движење Хамас, кое двата напади ги оквалификува како „херојски“, но не презеде одговорност за нив.
По двата напади утрово изрелската полиција соопшти дека во следните два дена ќе биде забранет влез на Палестинци од источниот во западниот дел на Ерусалим. Во исто време, во Стариот Град на Ерусалим ќе можат да влегуваат само Израелци, туристи, сопственици на дуќани и ученици.

Без коментари

LEAVE A REPLY