Четврт меч и четврт пораз за македонските ракометни јуниори

0
577

Младата ракометна селекција на Македонија претрпе и четврти пораз на ЕП за јуниори во Данска. По трите во груната фаза, денеска пораз дојде и во првиот меч од разигрувањето за пласман од 9. до 16. место.

Избраниците на Јовиќ денеска беа поразени од Шведска со резултат од 27-22. Првиот дел Швеѓаните го добија со убедливи 17-12, а ништо подобро не беше и во вториот дел, кога Шведска умешно ја одржуваше разликата.

Утре ќе разигурваме за избегнување на „фенерот“ против Унгарија во меч за пласман од 13 до 16 место.