Четврт Меѓународен турнир во фудбал во Новаци

0
279

Викендов во Општина Новаци се одржа традиционалниот, четврт по ред, Меѓународен турнир во фудбал, во пресрет на празникот 8-ми септември. Учествуваа 26 екипи од млади фудбалери од Македонија, Србија и Грција. Турнирот свечено го отвори градоначалникот на Новаци Лазар Котвески кој истакна дека традицијата ќе ја продолжат.Турнирите се играа на игралиштето во Новаци и „ Павел Шатев“ во Битола. За најдобрите екипи се доделија пехари за освоено 1,2,3 и 4 то место но и поединечни за најдобар стрелец и голман.Организаторот Лазе Гаштарот воедно и тренер на ЛГ Битола фудбалскиот клуб, рече дека ова е голема манифесатција бидејќи зеле учество околу 600 деца и 50 тренери.Натпреварите ги судеа 13 лиценцирани судии.