Четврта жртва на грипот во Битола?

0
2631

Тројца повозрасни битолчани починаа заради компликации од грип. Вака здравствените власти информираа минатата недела. Освен нив, друг млад пациент бил пренесен на клиниките во Скопје под сомнение дека е заболен од свински грип и смируваа дека нема место за паника.  По пишувањата на социјалните мрежи дека починал млад битолчанец, ги контактиравме од заразното одделение во Битола. Рекоа дека кај нив на одделението во изминатите неколку дена нема таков случај.  Дополнително од нив го чекаме одговорот дали бројката на починати од грип за само десетина дена е искачена на четворица.  Пред три дена Институтот за јавно здравје соопшти дека во петтата недела од оваа година, бројот на заболени од грип е пораснат за дури 61 процент во споредба со минатата недела.

mapa

Како и претходната, и во 5-тата недела, најголем број заболени (n=2.208) се пријавени во возрасната група од 15-64 години. Највисока инциденца оваа недела е регистрирана кај децата. Оваа недела најголем број заболени (440) се пријавени од ЦЈЗ Битола, ЦЈЗ Прилеп има регистрирано 399 заболени, ЦЈЗ Струмица – 394, ЦЈЗ Охрид – 303 и ПЕ Свети Николе со 255 случаи. Во вирусолошката лабораторија на Институтот за јавно здравјесе пристигнати 12 материјали тестирање за присуство на грип. Од нив 5 материјали се тестирани позитивни (41,7%), од кои 3 материјали се Influenza A(H1N1)pdm09 и по еден е Influenza A – нетипизиран и Influenza B. Од институтот констатираат дека во Македонија активноста на вирусот на грип е со висок интензитет и широка географската распространетост. Се очекува континуираниот пораст на активноста на грип да продолжи и во наредните недели.

Grafikon-41