Четвртти Game Jam во Битола

0
605

По четврти пат во Битола се одржа глобалниот Гејм џем, заедно со Скопје и остатокот на светот. Оваа година со 100 % повеќе џем, 400% повеќе дружење.

Global Game Jam 2016 е гејминг интернационален хакатон кој го организираше МАГДА – Македонската асоцијација за видео игри .Во Битола се одржа на Факултетот за информатички и комуникациски технологии .

Организаторите задоволни од овогодинешното издание посебно од фактот што оваа година повеќе игри беа направени.

Несомнено најпријатно изненадување е огромниот број на млади натпреварувачи како и тимот составен од девојки кој беше дел од учесниците во Битола.

Иако Global Game Jam нема натпреварувачки карактер и е многу повеќе дружење меѓу гејмерите, сепак се избираат и најдобрите игри.

Жирито се состоеше од Тхе Мичо, проф. Илија Јолевски од ФИКТ, Димитар Христовски и Петар Котевски.

Во Битола победник е тимот DWINGL со Totems, а тимот е првиот штитеник на Game Developers Hive во Битола. Brutal ossification со Half Evil се второ наградени и други.

Во Битола се направија 16 игри, во Скопје 23 а во Охрид околу 12.
Освен правењето на игрите присутните имаа можност да уживаат во различни презентации меѓу кои на Петар Котевски, Михајло Димитриевски и други.

Без коментари

LEAVE A REPLY