Чикаго Булс не го заборава Тони Кукоч

0
329

Поранешниот кошаркарски репрезентативец на Хрватска, Тони Кукоч, кој со Чикаго освои три шампионски титули во НБА лигата, стана советник на претседателот на клубот Мајкл Рејнсдорф. Основна задача на Кукуч ќе му биде да го промовира клубот во светот. Хрватскиот кошаркар во НБА лигата мина 13 сезони, седум од нив во Чикаго. Тој во 1996 година беше прогласен за најдобар шести играч во лигата, а од 1996 до 1998 година освои три шампионски титули.