Чиста вода за пиење во Долно Дупени

0
450

Во Преспанското село Долно Дупени  беше пуштен во употреба реконструираниот водоснабдителен систем, со кој се решава проблемот со чиста и квалитетна вода за пиење на околу 200 постојани жители.

Вредноста на проектот е 22.000 долари, средства обезбедени од Швајцарската Агенција за развој реализиран преку УНДП Македонија. Реконструираниот водовод во употреба го пуштија градоначалникот на општина Ресен Ѓоко Стрезовски и постојаниот претставник на УНДП во Македонија Лујза Винтон.

„ Со решавањето на проблемот со водоснабдување во Долно Дупени го решаваме проблемот на околу 200 постојани жители на ова долно Преспанско село. Во текот на летниот период во туристичката сезона тука претстојуваат над 1.500 луѓе и недостатокот на квалитетна вода за пиење навистина беше голем проблем за нив“ рече Ѓоко Стрезовски градончалник на Ресен.