„Чкембарите“ бараат оставка од управата на ФК Пелистер

0
575

По лошиот пролетен старт на Пелистер во ВМФЛ, битолскиот второлигаш паѓа на табелата, а тоа навивачите на битолскиот клуб не може да гледа и да не реагира. Затоа „Чкембарите“ излегоа со официјално соопштение кое ви го пренесуваме во целост.

Промени за посилен ФК Пелистер
Како навивачка група сме длабоко загрижени за состојбата во која се најде нашиот миленик ФК Пелистер..
Беше ветено многу, не се исполни апсолутно ништо…
Од проектот „Европски Пелистер – ФК Пелистер по стапките на Бугарскиот Лудогорец” кој помпезно беше ветен на „гламурознатa прес-конференција” по повод преземањето на клубот од страна на компанијата „Цермат” повеќе од јасно е дека не се исполни ништо..

Клубот испадна во втора лига, за жал наместо експресно враќање во елитата клубот има несигурен пласман, дури и во очајната по квалитет Втора Македонска лига, Пелистер е поблиску до испаѓање од лигата, отколку на позиција на која треба да биде, каде што му е местото во Првата лига…
Никогаш претходно Пелистер не бил во толку лоша состојба..
И претходно клубот отпаѓал во Втората Лига, но секогаш наоѓал сили експресно да се врати каде што припаѓа.. За жал сезонава и да сакаме не можеме да сме преголеми оптимисти..
Затоа бараме додека има време, во клубот да следат радикални промени во сите структури..

Точка 1
Сопственикот на клубот, компанијата „Цермат”веднаш да го напушти Пелистер, но претходно да го врати клубот во Прва лига како што го затекна…
Од едноставна и најпроста причина, неисполнување на обврските од договорот 445/14, потпишан на 8 октомври 2014 година, помеѓу компанијата Цермат како купувач на доминантниот пакет акции на АД „ФК ПЕЛИСТЕР” Битола и продавачот Општина Битола, како дотогашен мнозински акционер и сопственик на клубот….

Сметаме дека не се исполнети суштествените точки од договорот, услови од договорот без кој не може и смее да опстои во иднина, односно тврдиме дека договорот не се почитува од Цермат

-Годишен влог од минимум 380.000 евра и тоа во временски период од најмалку 4 години..
Од оваа сума, најмалку една 10% на годишно ниво требаше да биде одвоена за развој на младинските категории на клубот. Повеќе од јасно е дека ниту една четвртина од споменатата сума не е вложена, еве веќе две години откако стапи на сила договорот, а камо ли близу 800.000 евра колку требаше да изнесува влогот во клубот, за овие речиси две натпреварувачки сезони…

Наместо тоа денес ситуацијата во клубот е катастрофална. Првиот тим е на прагот на испаѓање од Втората Лига, клубот нема свој стадион, игра каде што ќе стигне, како некој номадски клуб, од град во град, срамно за град како Битола.
Младинските категории се на дното на своите возрасни конкуренции…
Ако порано ФК Пелистер беше поим за работа и квалитет на своите младински погони, денес ситуацијата е мизерна..
За несериозноста на сопственикот ќе споменеме и дека клуб како нашиот не смее повеќе од година дена да нема спортски директор.
Очигледно е дека Зоран Ристевски,сопственикот на компанијата Цермат не е нималку заинтересиран за состојбата во која се најде нашиот миленик, баш напротив како намерно да работи против затоа крајно време е да го напушти Пелистер и клубот да го препушти на луѓе кои вистински го сакаат Пелистер и сакаат да му помогнат на клубот…
Со други зборови Општина Битола нека си бара чаре, а ние стоиме на располагање 24/7 за зелено-белите бои и Битола

Точка 2
Комплетна Оставка на актуелната управа на ФК Пелистер
Сметаме дека моменталната управа на клубот нема ниту кадровска, интелектуална, а ни спортски капацитет да води еден клуб како Пелистер..
Човек како Димче Шеровски не смее да биде на чело на еден од најеминтентните фудбалски колективи..Човекот е залутан во фудбалот и нема никаков капацитет и познавање од фудбалот, а не пак да решава нешто за нашата светост !
Пелистер мора да го водат докажани фудбалски работници, луѓе кои уживаат авторитет и почитување во фудбалскиот свет..
Пелистер како клуб не смее да биде предмет на потсмев на нискокласните екипи и клупчиња..
А за жал моментално клубот е на тоа ниво – предмет на потсмев и поткусурување…
Исто така,и актуелниот стручен штаб на чело со Миле Димов ќе мора далеку посериозно и попрофесионално да го води клубот во продолжението на сезоната, вакви бледи изданија како на изминатите два-три меча со Скопје, Ѓорче Петров и Кожув не смеат веќе да се повторат, како и изјави за поддршка на некој (Обединети за фудбал) што ништо немаат добро направено за нашиот клуб туку напротив како сите до сега во ФФМ се ништи нашиот клуб, а тој не пред се !
Време има се помалку, затоа е време за радикалнио промени, во сите структури на клубот..
Промени кои се неминовни и мора да се случат што побрзо…
Фудбалерите мора да се свестат што значи зелено белиот дрес и дека на себе носат историја на цел град !
ФК Пелистер во Прва Лига и не само тоа, ФК Пелистер да се бори за врвот на македонскиот фудбал, ништо помалку не очекуваме и не прифаќаме лажни и празни ветувања како досега …

Точка 3
ИТНА РЕВИЗИЈА НА ДОГОВОРОТ 445/14
Како Општина сте должни конечно да спроведете ревизија на договорот за купопродажба на клубот, сите законски услови се исполнети за тоа и редно време е да постапите по одредбите и правата од договорот, договор кој вие како странки во договорот го составивте и го потпишавте..Прекинете со лагите дека пропаднал тендерот за ревизорска куќа и чекање на завршна сметка на клубот – сакаме под итно да се направи ревизија и да се раскине договорот !
Бараме само да го почитувате тоа што е договорено, во интерес на ФК Пелистер и ништо повеќе..
По успешно спроведената ревизија, бараме акциите на ФК Пелистер да се стават на продажба и да се пронајде вистински вложувач, со намера да го издигне Пелистер на едно многу повисоко ниво да го врати на местото кое го заслужува, на самиот врв на Македонскиот фудбал..

Точка 4
Почеток под итно на изградба на стадионот кој беше ветен !
#СакамеСтадион во #Битола
А од сето тоа, еве веќе по цели 3 години од тоа предизборно ветувања не видовме апсолутно ништо…
Бараме одговор на неколку едноставни прашања.
1) Кога ќе биде почната изградбата на новата трибина која беше ветена?
Да ве потсетиме дека како корисник на „Хет-трик“ програмата на УЕФА, програма за помош и развој на нискоразвиените фудбалски федерации, членки на УЕФА..
Ако сте заборавиле,п рограмата опфаќаше нов тревник на стадионот “Тумбе Кафе”и изградба на нова трибина (во конкретниот случај малата трибина на стадионот)..
Кога ќе започне реновирањето на големата трибина? Тоа исто така беше ветено..
Нови столчиња, средување на подтрибинскиот простор и паркинг просторот…
2) До каде е работата со рефлекторите? И рефлектори беа исто така ветени, само да ве потсетиме, доколку сте заборавиле….
Рефлекторите беа уште еден услов од договорот со УЕФА за користење на поволностите од програмата „Хет-трик”
Досега освен зафатите врз тревникот, од изградба на нова трибина не видовме ништо…
Како Општина сте должни да постапувате ПО ЖЕЛБИТЕ И ИНТЕРЕСИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ НА ГРАДОТ БИТОЛА, а на секој вистински битолчанец, една од главните и најголеми желби му е СИЛЕН ФУДБАЛСКИ КЛУБ..
Редно време е да го остварите ова, клубот не заслужува да биде на ова ниво…
Тоа што го ветивте да си го исполните, барајте си пари од владата од АМС од донации преку ЈПП, па ако сакате и кредит земете тоа е ваш проблем важно е да направите само еден капитален објект (стадион)!
ВРЕМЕ Е ЗА ПРОМЕНИ – ЗА СИЛЕН ФК ПЕЛИСТЕР
Само Пелистер
Само Битола
Тие се вечни, другото е минливо !
Со почит
Навивачка Група „Чкембари “Битола
20.03.2016 Битола