„Чкембарите„ бараат ревизија на договорот за купување на ФК Пелистер

0
447

На неколку дена пред стартот на официјалните натпревари, навивачката група „Чкембари„ излезе во официјално соопштение, односно молба, до акционерите на ФК Пелистер за расветлување на ситуацијата во која се наоѓа битолскиот второлигаш. Во текстот кој е потпишан и на кој стои печат од здружението на граѓани „Чкембари„ битолските навивачи ја искажуваат својата загриженост за иднината на клубот. Покажуваат сомнеж дека мнозинскиот акционер „ДОО Цермат„ согласно со договорот инвестира 390.000 евра годишно, како што стои во членот 3 од договорот. ckembari molba 2Тие напоменуваат дека не се гледа никаква амбиција во дејствувањето на оперативците од клубот за враќање во Првата лига. Исто така „Чкембарите„ бараат независна ревизорска куќа да ги прегледа „книгите„ и да ја обелодени реалната слика. Тие на крај од соопштението бараат доколку условите не се исполнети да се активира членот 9 од договорот и истиот да се раскине. „Чкембарите„ ја повикуваат општина Битола да превземе нешто во врска со раководењето на клубот. Соопштението ви го пренесуваме во целост.

Без коментари

LEAVE A REPLY