„Чкембарите„ го пречкртаа Цермат, од компанијата и клубот со жестоко соопштение

0
501

Откако пред неколку дена побараа ревизија на договорот меѓу општина Битола и Цермат ДОО, навивачката група „Чкембари„ на Куп мечот со 11 Октомври во Прилеп протестираше против акционерите во клубот. Деновите отиде уште подалеку и го пречкрта логото на компанијата „Цермат„ на нивните производи низ градот. Веднаш со соопштение се јави ФК Пелистер и компанијата „Цермат„ со разјаснување на ситуацијата. Соопштението ви го емитуваме во целост:

foto 2Известување за актуелните состојби околу ФК ПЕЛИСТЕР

 

После подолг период на лични дисквалификации, навреди и закани од страна на одредена група на навивачи, принудени сме да реагираме и да ја информираме спортската јавност во Битола и пошироко. Со превземањето на сопственоста на ФК ПЕЛИСТЕР од страна на Цермат ДОО, се пристапи кон организациско и спортско консолидидање на фудбалскиот клуб на кое што поле се постигнаа одередени резултати. Со оглед на наследената состојба внатре во клубот, како и во неговата непосредна околина, а кусиот временски период, резултатите потфрлија на спортскиот план, иако на организациски план беа преземени сите неопходни мерки околу спортските припреми, финансиска консолидација и стабилизирање на финансиите, преку редовна исплата на обврските према вработените, добавувачите и државните органи. Во периодот од превземањето, па се до денес, во континуитет се присутни навреди, закани и дисквалификации кон членовите на Управниот одбор на ФК ПЕЛИСТЕР, сопственикот на Цермат ДОО и актуелниот градоначалник на Општина Битола. Во последно време се случува и атак врз материјални добра кои се во сопственост на Цермат ДОО, преку нивно оштетување. За ваквите постапки немаме рационално прифатливо објаснување, од проста причина што желбата на сопственикот и градоначалникот е преку управата на клубот да направи респектабилен и стабилен фудбалски клуб. и во спортот, како и во секоја сфера, се случуваат и спортски неуспеси. За жал, ваквите постапки веќе ги одвратија идните потенцијални сериозни спонзори на клубот и на спортот во Битола воопшто, со кои веќе беа постигнати начелни договори, а со ваквите тенденции, во прашање веќе е доведено и понатамошното учество на главниот спонзор.

foto 3

Без коментари

LEAVE A REPLY