„Чкембарите“ им парираа на ветераните на Пелистер

0
357

Како прва манифестација по повод 30 годишнината од постоењето на навивачката група „Чкембари“ членови на навивачите одиграа футсал меч со ветераните на Пелистер. Мечот го следеа 1000 гледачи, а на крајот заврши мирољубиво 2:2 (1:1). Најталентираните навивачи му одолеаа на бившите пелистерци Митко Стојковски, Неџат Хусеин, Горан Ставревски, Тони Мицевски, Ванчо Мицевски, Кире Грозданов, Златко Цветановски, Драган Димитровски, Сашо Петровски, Борче Јовановски и уште многу други.

DSC_0174-1Во недостиг на многу квалитетен фудбал под Тумбе кафе, битолските вљубеници во овој спорт, уживаа во мајсториите на ветераните.

Без коментари

LEAVE A REPLY