Член на ИСИС и се закани на Македонија

0
406
“Дојде времето да се ослободиме од репресијата на Словените, браќа Албанци”. Вака, со допис до интернет изданието на една албанска новинска агенција, Сејфедин Ал-Албани, за кого постојат сомнежи дека е член на ИСИС, ги повика македонските албанци, со оружје да се кренат против, како што вели “репресијата на Словените”.  Тој  дописот го пратил под лажно име – Џавит Џавити. За Ал-Албани постојат сомнежи дека е во Македонија и дека е член на ИСИС, дел од ќелијата чии членови беа уапсени  во големата полициска акција.  Постојат и  информации дека тој повеќе пати веќе бил на боиштата во Сирија и Ирак.
“Како можете мирно да спиете кога знаете дека вашите браќа се малтретирани, а нашите сестри се силувани во ѕверските затвори на Балканот? Ги заборавивте варварските војни на Словенските Крстоносци? Дали тоа не беа истите Крстоноси кои го направија хоророт во Косово и Куманово? Затоа придружете се и станете тврдина на вашата вера. Придружете се и донесете им терор на Крстоносците и нивните поддржувачи!” – стои во дел од повикот на Сејфедин Ал Албани.