Членките на ЕУ против воведување на квоти за мигранти

0
177

Државите членки на Европската унија го отфрлија планот кој би ги обврзал да прифатат илјадници бегалци кои пристигнуваат во Грција и Италија, сооштија дипломатски извори пред дводневниот самит на шефови на држави и влади на членките на ЕУ.

Главните теми на самитот, кој започнува во четврток во Брисел, ќе бидат миграцијата, борбата против тероризмот и состојбата во Украина.

“Идејата Брисел да воведе квоти нема да помине“, изјави неименуван функцинер на ЕУ кој учествува во подготовките на самитот, пренесе агенцијата АП.

Во нацртот од завршното соопштение од самитот, во кој американската агенција имаше увид се наведува дека „до крајот на јули сите членки ќе се согласат за прифаќањето на бегалците“.

Бранот бегалци од Блискиот Исток и Африка кои преку морски и копнени патишта масовно се обидуваат да се домогнат до Европа ќе биде прва и најзначајна тока на дневниот ред, а во врска со планот на Европската комисија да се воведат квоти за секоја држава поединечно.

Ваквиот предлог предизвика жесток отпор кај дел од членките, а во меѓувреме Комисија зеде во предвид одредени нивни забелешки и изготви нова верзија на планот.