Чоре во пензија

0
1008

Актерот на Народниот театар во Битола Борис Чоревски од пред неколку дена замина во пензија.

На една од претставите во која тој игра, речиси целиот ансамбл заедно со публиката му ја честитаа пензијата.

„ Уште многу години да биде на оваа сцена, да го држи здравјето, да ја радува и битолската и светската публика и нас како негови колеги. Ова не е збогум, ова е ново добредојде и ако има луѓе кои се еднакви на зборот театар во театарот, тој е овој човек“ рече директорот Валентин Светозарев.

Чоревски се заблагодари за се што направил театарот за него и се заблагодари на публиката за сите 55 години на театарската сцена.