Човечките ресурси и специфичното знаење клучот на бизнисот

0
1336

Малите и средни претпријатија, односно нивната експанзија е заздравувањето на националната економија. Претпримеништвото и отварањето на овие, така наречени мали бизниси, креираат работни места со што се намалува стапката на невработеност. Познавачите на приликите секогаш ќе кажат, за успех на микро бизнисот е бизнис идеата, додека парите се во втор план, оние кои пак размислваат да станат, сам свој газда, велат најнеопходни им се парите. Од неодамна кај нас профункционира Бизнис Центар во рамки на Пелагонискиот плански регион кои своевремено работеа со индирекна подршка на бизнис компаниите, а сега веќе со портфолио, нудат услуги за дирекна поддршка. Ги прашавме, покрај финасии, што му треба на малите и средни претпријатија, за да опстојат на пазарот?

emilija geroska

Емилиа Ѓероска директор на ЦРППР вели дека покрај свежи пари од раговорите со компаниите две компоненти им се важни а тоа е човечки ресурси и специфично знаење.

Овие клучни прашања во полето на успехот, Ѓероска вели се доаѓа до одговорите, само преку дирекна комуникација со компаниите.

Ни се случува две компании во две соседни општини вршат набавака на суровини неопходни за производство од странаство а копанијата блиску до него го произведува истотот и заради неинформираност тие не соработуваа, додав Ѓероска.

Преку креирањето на тој синџир, обезбедувањето на човечки ресурси и квалификуван кадар како и обезбедување на специфично занење, бизнисите во земјава полесно би го трасирале патот до успешно работење, опстојување на пазарот и справување со конкурентноста.

Без коментари

LEAVE A REPLY