Човек осомничен дека е поврзан со нападот во Париз сам ѝ се предал во полицијата во Антверпен

0
305

Еден човек за кој белгиските власти им јавиле на своите француски колеги дека е можно да е вмешан во синоќешната париска престрелка ѝ се предал на полицијата во северниот белгиски град Антверпен, соопшти новинската агенција Белга.

Говорејќи за француското радио Европа 1 по престрелката на шопинг-улица на Шанзелизе, портпаролот на француското Министерство за внатрешни работи, Пјер-Анри Бранде рече дека белгиската полиција идентификувала втор човек и им укажала на француските власти.

„Човекот што беше предмет на потера спроведена од белгиските власти дојде во полициската станица во Антверпен“, изјави Бранде, пренесе Франс прес.

Еден француски полицаец беше убиен, а двајца се ранети синоќа во центарот на Париз, неколку дена пред претседателските избори, а одговорноста за нападот ја презеде терористичката група Исламска држава.

Исламска држава на Ирак и Левант (ИСИС или ИСИЛ) го идентификуваше напаѓачот како еден од своите војници, а го именува како Абу Јусиф, Белгиец. Полицијата соопшти дека синоќа човекот бил идентификуван, но дека неговото име нема да се открива сè додека не се утврди дали имал соучесници, објави Ројтерс.

Напаѓачот неодамна бил приведен на сослушување во полициска станица во Мо, во близина на Париз, откако некои „информатори“ навеле дека тој „се труди да стекне оружје за да убива полицајци“.

Но поради недостиг од докази, антитерористичките обвинители „го пуштиле“.

http://www.mkd.mk

Без коментари