Човештвото успеа вертикално да приземји ракета

0
369

Американската вселенска компанија SpaceX успеа да приземји вертикално вселенска ракета.

Беспилотниот Falcon 9 бележи историско достигнување во областа на приватните вселенски иницијативи и за прв пат ќе може да служи за повторна употреба. Со неа беа изведени во орбитата 11 комуникациски сателити.

Ракетата беше истрелана од космодромот во Кејп Канаверал, Флорида, во 20.29 часот по локално време, се издигна на височина од 200 километри и слета контролирано 10 минути подоцна со кружно движење. Настанот беше пренесуван во живо и предизвика бран од коментари на социјалните мрежи.