Чуден човек или специјален агент крај Путин и Обама?

0
797

Руската телевизија „ Раша тудеј“ емитуваше видео снимка на која вниманието го привлекува личност која се наоѓа во лобито на хотелот каде неформална средба одржуваа лидерите на САД и Русија Барак Обама и Владимир Путин.

Средбата беше на маргиите на самитот на Г 20 во Анталија и која за првпат е оценета како конструктивна меѓу истокот и западот, а доаѓа по терористичките напади во Париз.

„ Чуден или специјален агент“ е прашањето кое се поставува откако ќе се изгледа видеото, на кое според некои повеќе е од јасно дека во моментот кога ја забележал камера дека се обидува да сними инсерти од тоа како разговараат Путин и Обама,  се „ мести“ за да биде и тој дел од кадарот.