Чуден свет-изложба на графики на Аврамовски

0
198

Во културниот центар Магаза, уметникот Момчило Аврамовски од Куманово, ја претстави изложбата на графики со наслов Чуден свет.Тој припаѓа на постарата генерација македонски академски уметници со потврден творечки континуитет.На Аврамовски особено му е драго што изложува во Битола со оглед на големиот број добиени награди на неговите ученици на малиот битолски монмартр.- Концептот кој го преферира Аврамовски во создавањето на графичките дела е со единствена визуелна филозофија-истакна историчарот на уметноста Цветковски.

Аврамовски, самостојно ја проучува работата на повеќе светски ликовни имиња меѓу кои Рембрант, Модиљани, Пикасо и други, од чии искуства подоцна вградува елементи и концепти во своите дела.
На македонската ликовна сцена ги презентира своите дела во рамките на групни или самостојни изложби, или како учесник на ликовни колониии.
Добитник е на повеќе награди и признанија.
Аврамовски даде огромен придонес и во областа на ликовната педагогија и култура преку повеќе децениското работење као професор по ликовна уметност. За својата работа како ликовен уметник и ликовен педагог, има добиено многу награди и признанија од локално и меѓународно ниво, при што посебно му е драго признанието- Особено истакнат педагошки работник доделено од републичкиот завод за просвета на република Македонија.
Неда Маретиќ