Чувар на светилиште во Пакистан убил 20 верници

0
535
People gather near a national flag during a ceremony to celebrate the country's 69th Independence Day at the mausoleum of Muhammad Ali Jinnah in Karachi, Pakistan, August 14, 2015. Jinnah is generally regarded as the founder of Pakistan. REUTERS/Akhtar Soomro

Чувар на светилиште со тројца помошници убил 20 луѓе во мало светилиште на истокот на Пакистан, соопшти полицијата во недела.

Масакрот се случи во округот Саргода, во покраината Пунџаб во сабота навечер, кога чуварот ги повикал верниците да влезат во светилиштето во кое работел.

Кога влегле, чуварот и тројцата негови помошници ги убивале со нож и долг стап.

Убијците се уапсени, а телата на жртвите биле испратени во околната болница заради обдукција.

Полицијата вели дека чуварот повикувал еден по еден верник во својата соба во светилиштето. Им дал да пијат отровен пијалак, а потоа ги соблекувал и ги убивал.

Полицијата започна истрага околу мотивите, но според првите наоди, чуварот не бил душевно болен.

Мнозинството пакистански верници практицираат суфиски ислам, мистично верско учење кое е во спротивност со талибанското поимање на милитантниот ислам.

Светилиштата во текот на годината привлекуваат илјадници верници, посебно за време на годишнините од раѓањето и смртта на мистиците.

http://makfax.com.mk