Cylindo успесите ги прослави со забава

0
473

Цилиндо е името на компанијата која е формирана 2012 година со канцеларии во Битола, Копенхаген и Сан Франциско.
Во моментов иновативната технологија на Cylindo се користи во над 3000 веб сајтови и физички продажни салони ширум светот. Нивната 3D технологија ја прави возможна визуелизацијата на било која конфигурација на продукт кои во голема мера ја поедноставуваат онлајн продажбата и го подобруваат купувачкото искуство преку интернет.
Битола стана светски центар на 3Д дизајнот.
– Битолската канцеларија беше отворена во 2013 вработува 30 млади, едуцирани и исклучително талентирани личности кои специјализираат во различни области како 3D развој, софтверски развој и успех на корисници. Компанијата им понуди одлични услови за работа и интересни пакети за вработување- истскнува Александар Ташоски, генерален менаџер во Битола.
А деновиве со сите нив ги прослави и успесите на компанијата, на својата традиционална летна забава.
Cylindo навистина има и што да прославува оваа година – компанијата забележува голем раст на глобалниот пазар и неодамна потпиша договори со некои од водечките брендови и трговци на мебел како Ligne Roset (Лин Розе), Palliser (Палисер) and Jerome’s (Џеромс).
Во поглед на Битолскиот тим, импресивно е кога ќе помислите како група од 30 талентирани луѓе развива решенија кои се користат од страна на некои од најголемите трговци во светот. Тоа е значаен развој и за целата македонска стартап заедница.

Од компанијата велат дека и понатаму ќе продолжат да ги споделуваат нивните успеси и достигнувања со заедницата преку настани слични на оваа летна забава и истовремено ги покануваат сите млади таленти од релевантните области да ја истражат компанијата и да им се обратат за можна соработка.