Conquering Lion настапија во Битола

0
416

Пред публиката во Битола како дел од фестивалот Битола отворен град, настапи македонскиот реге бенд “Conquering Lion” кој
годинава одбележува една деценија успешно егзистирање на музичката сцена, при што
стекнаа голема популарност и низ Европа.

Досега имаат настапувано со големи реге имиња како “Gentleman”, Ras Zacharri, Donald Minott, Hornsman Coyote и други. Во
Битола го претставија нивниот најнов студиски албум “Land of confusion”, кој
содржи песни во комбинација на реге, њу рутс и даб.