Cosmos: A Spacetime Odysey во проекција на дебатното кино Контра кадар

0
298

Група ентузијасти, активисти, уметници, интелектуалци, љубители на филмската уметност, сите до еден искрени сонувачи, се иницијатори и организатори на дебатното кино „Контра кадар“ – општествено ангажиран настан со филмски проекции проследени со дебати на темите што ги наметнуваат самите филмови.

По поставувањето на астрофизичката траса од страна на „Cosmos“, култниот мини-серијал на Карл Саган, „Cosmos: A Spacetime Oddysey“, е логична наредна станица токму за Дебатното кино Контра кадар.

Просторно временската одисеја е американска научно документарна телевизиска серија. Продолжение е на серијата Космос, личното патување од 1980 тата .

Серијата е снимена со цел да се вратат основите на науката на телевизиските мрежи.

Во новиот серијал се користат повеќе компјутерски генерирани графики и анимации, кои го следат дејствието.

Продуцент на серијалот е Бренон Брага а музиката е дело на Алан Силвестри.

Новиот серијал е надополнет со новите научни сознанија и визуелните ефекти коишто ги дозволува технологијата денес, нуди научна ретроспектива од Биг Бенг, преку создавањето на календарот, до инквизицијата и доживувањата на Џордано Бруно.
По проекцијата, ќе се разбијат неколку митови и псевдо-научни тези и идеи, дури паралелно се откриваат делови од вселената.
Гости на проекцијата ќе биде Aстрономското друштво – Битола.