Да бевме сиријци ќе ни помогнеа

0
2128

Без егзистенција и покрив над главата дом побараа во напуштена разрушена куќа во центарот на градот . 53 годишниот Пеце Андреевски и 50 годишниот Сашо Дахан судбината ги споила . И двајцата со здравствени проблеми , вака си помагаат еден со друг , но бараат помош, бидејќи во руинираниот објект каде престојуваат нема ни вода ни струја.

storija 4

– Газдата на оваа куќа е умрен, немаше каде да одам и дојдов тука. Еден човек овде живее веќе 4 години Претходно спиев и во црква . Немам зборови, самото место кажува . Немаме каде да одиме . Секаде се обративме. Имам здравствени проблеми , мозочен удар, ангина пекторис, асма, спондилоза,  изјави Пеце Андреевски

storija 1

Сашо Дахан на времето вели дека ги вртел планините , судбината си поиграла со него, поради гангрена на ногата речиси не може да се движи. Тој во разружената куќа живее 5 години. Времето го поминува лежеќи во креветот, станува само со помош на неговиот пријател или пак со патериците. Социјалната помош која ја земал не стигала ни за лекови.

Велат дека надежта последна умира. Бараат надлежните или некој хуман човек да им помогне и да им овозможи да се најде кров над главата.

-Помош бараме многу време не е од сега само, само нема никој слух за тоа. Прво и право не знаеме каде да се обратиме , зошто каде и да прашаме ни велат дека немаат ингеренции за тоа. Ако може да им помагаат на избеглиците , му даваат триста работи, смештај и се што им е потребно. Дониравме и за Србија кога беа поплавите па нека се направи нешто и за нас, изјави Сашо Дахан

Сашо и Пеце бараат скромно сместување, бидејќи во разрушената куќа немаат никакви услови за егзистенција. Се надеваат дека хуманите луѓе ќе им помогнат и со храна , облека и лекови кои им се неопходни.