Да го решиме односот на Србите и Албанците еднаш засекогаш

0
167

Претседателот на Србија Александар Вучиќ кажа дека „тежок компромис“ кога станува збор за Косово не подразбира само едната страна да биде задоволна.

Тој истакна дека, кога станува збор за Косово, компромисот е важен за да се живее во мир.

„Ништо не би додал или одзел кога станува збор за тоа што го зборував во Обединетите нации. Нема Косово да влезе во ОН, совен ако ние не сме за нешто задоволни, а ние не можеме да бидеме задоволни ако сакаат да го признаеме Косово“, кажа Вучиќ за РТС.

Тој додаде дека е сигурен дека „не можат сите да бидат задоволни, но дека Србија инсистира дека договорот не може да биде едните да бидат задоволни а другите не“.

Вучиќ истакна и дека е „важно да се реши односот на Србите и Албанците еднаш засекогаш.

www.mkd.mk