Да не се зајакнува антиимигрантската реторика

0
411

Високата претставничка на ЕУ Федерика Могерини ги повика денеска политичарите да не ги користат нападите врз жените во текот на новогодишната ноќ во Келн, за да ја зајакнат „антиимигрантската реторика“.

Стотици жени беа во текот на новогодишната ноќ изложени на злоставување oд страна на група мажи, а властите велат дека речиси сите осомничени биле од „странско потекло“.

– Се надевам дека ниту еден политичар, ниту едно лице на функција нема да го користи настанот и да го меша со други проблеми, рече Могерини во Прага за време на дебата за иднината на ЕУ.

Таа истакна дека тоа е многу сериозен и шокантен настан и оти сите мора да ги почитуваат законите, а особено законите кои ги штитат правата на жените и човековите права.