Да расте свеста за малиот бизнис

0
684

Малите и средни претпријатија за регионален економски развој е конференцијата на која денеска се дискутриаше, а ја организираше Младинскиот културен центар од Битола.

д-р Сашо Додовски од МКЦ појасни дека со денешната конференција во Битола се одбележува 10 години од промовирање на претприемништвото и осми пат одбележување на Европската недела на претприемништвото

Додовски, додаде дека соседите треба да ни се пример, кога станува збор за малиот бизнис за кој често се жалиме, дека нема клима кај нас.

 

Додовски вели дека Грција е пример за овие компании земја која и покрај се ги стимулираше младите да креираат вакви претпријатија од кои произлегуваат нови вработувања.

Парите не се пресудни за успешноста на бизнисот на старт, велат познавачите на приликите

Глигор Бишев експерт вели дека неопходна е идеја, еве вели и Фејсбук започна со 500 долари а сега заработува милиониски суми неопходна е храброст, вели тој.

Науката и претприемништвото е неопходнода се спојат.

Проф.д-р Светслана Николовска проректор на УКЛО, додаде дека спојувањето на науката и бизнисот носат позитивни резултати.

Оваа конференција е во рамки на одбележувањето на роденденот на Битола 4 Ноември.