Да се избере брзо новата Влада и да се утврди датум за локалните избори!

0
615

„Потребно е сите институции и политички субјекти во државата да бидат на највисоко ниво на одговорноста за да се избере новата Влада во најбрзо време и да се се создадат законски услови за орджување на локалните избори.

Ѓорге Иванов треба веднаш да го даде мандатот за формирање Влада. Постои Програма на реформската Влада што ја гарантира унитарноста на Р.Македонија, работа според Уставот и во интерес на евро-атлантските перспективи. Ќе има и реафирмирање на овие стратешки определби, со цел да се разбијат до крај оправдувањата поради коишто Иванов и опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги блокираат демократските процеси, а тоа се одразува штетно врз граѓаните.

Оваа практика свесно кочење на демократските процеси во заштита на Никола Груевски и неколкумина негови соработници од соочување со правдата, оди на диреткна штета на граѓаните, кои чувствуваат штети врз нивните семејни буџети, а од понеделник голем дел од грaѓаните во општините ќе останат без плати и потребните општински услуги.

Никакво лицемерно лицитирање со датуми не е решение. Решение е да се даде мандатот, претседателот Заев да ја формира новата Влада и да се договори датумот за локалните избори.

На граѓаните итно им е потребно смирување на општествено-политичката ситуација, стабилизација на државата, економски напредок и евро-атлснтски развој.

Од тие причини секое евентуално натамошно одолговлекување и блокирање на демократските процеси е противуставно казниво дело бидејки прави директена штета на државните и граѓанските интереси.

Ги повикуваме сите да бидат дел од демократските промени што носат живот во Македонија“ велат од СДСМ.