Да се создадат услови за избори во ноември

0
518

Претседателот на СДСМ, Зора Заев се сретна со помошник државната секретарка на САД Викторија Нуланд, придружувана од амбасадорот на САД во Р.Македонија Џес Бејли.

На состанокот Заев и Нуланд разговарале за политичката криза во Македонија и начините за нејзино решавање. Истакнато е дека ова е клучен период за постигнување договор за неопходните услови за фер и регуларни избори. Констатирано е и дека мора да се обезбеди прочистен Избирачки список како и објективно известување на медиумите а доколку се исполнат овие услови, постои можност за одржување на предвремени парламентарни избори во текот на месец ноември.
Исто така, потенцирана е неопходноста за формирање Влада што ќе организира и спроведе регуларни избори и дека таа мора да биде формирана согласно сите аспекти на Договорот од Пржино.