Да се врати ФК Пелистер во првата лига, побараа Чкембарите

0
2248

Во интервју за Актуел на Тера навивачката група Чкембари ги соопшти четирите барања до сопственикот, општината и управата на ФК Пелистер. Разговаравме со Николче Петровски и Горан Сикијовски.

„ Сопственикот на клубот, компанијата „Цермат” веднаш да го напушти Пелистер, но претходно да го врати клубот во Прва лига како што го затекна. Сметаме дека не се исполнети суштествените точки од договорот, услови од договорот без кој не може и смее да опстои во иднина, односно тврдиме дека договорот не се почитува од Цермат. Денес ситуацијата во клубот е катастрофална. Првиот тим е на прагот на испаѓање од Втората Лига, клубот нема свој стадион, игра каде што ќе стигне, како некој номадски клуб, од град во град, срамно за град како Битола.
Ако порано ФК Пелистер беше поим за работа и квалитет на своите младински погони, денес ситуацијата е мизерна“, велат тие.

Потоа барат комплетна оставка на актуелната управа на ФК Пелистер.
„ Сметаме дека моменталната управа на клубот нема ниту кадровска, интелектуална, а ни спортски капацитет да води еден клуб како Пелистер“ велат тие.

Според нив општината е должна конечно да спроведете ревизија на договорот за купопродажба на клубот, сите законски услови се исполнети за тоа и редно време е да постапите по одредбите и правата од договорот.

Побараа и почеток на изградбата на стадионот кој беше ветен.