Да си ја наместам фризурата

0
1282

Турција го загуби својот прв натпревар на ЕВРО 2016, а иако Хрватите беа многу подобри, сепак пресуди голот на Лука Модриќ за нивна минимална победа од 1-0. Токму при голот на Модриќ, турскиот репрезентативец Озан Туфан си ја местеше фризурата, што ги револтираше турските фанови.

Доколку играчот на Турција тргнеше решително на топката можеби и ќе го блокираше ударот на Лука Модриќ. Сепак, тој си ја намести фризурата, а топката му ’легна’ на хрватскиот репрезентативец и тој ја испрати во мрежата, пишува Екипа.